Новости

Регион

Приведен крадец од Ресен, поднесена кривична пријава

Одделението за внатрешни работи Ресен – Надворешна канцеларија за криминалистички работи денеска (21.01.2022) до Основното јавно обвинителство Ресен поднесе кривична пријава против М.М.(36) од Ресен, по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во обид.

Имено, на 15.12.2021 околу 02.00 часот на ул.„Мите Богоевски” во Ресен, пријавениот со употреба на сила и подесен алат се обидел да изврши кражба од банкомат, при што скршил стакло од објект во кој бил поставен банкоматот, притоа оштетувајќи го и него.

Набрзо М.М. бил лишен од слобода, приведен во полициска станица и во службен разговор го признал и појаснил делото.

Евротип
SNBROKER
To Top