Новости

Регион

Пронајден хероин во автомобил на патот Битола-Ресен, приведени две лица

На 09.06.2021 во 21.40 часот на патот Битола-Ресен, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола и од Полициско одделение за БПС од ОВР Ресен ги лишиле од слобода 39 годишно лице од Скопје, со живеалиште во Ресен и 54 годишно лице од Ресен.

При преглед во патничкото возило „опел“, бил пронајден и одземен хероин. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.

Евротип
Евротип
To Top