Новости

Регион

Се рехабилитира регионалниот пат Новаци-Маково

Јавното претријатие за државни патишта започна со рехабилитација на регионалниот пат Новаци –Маково во должина од 2.5км. Вкупната вредност на инвестицијата е 11 милиони денари, средства обезбедени од Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта.Изведувач на градежните активности е ЈП Македонија пат .

Рехабилитацијата се состои од надградба на коловоз во деловите од регионалниот пат кој е најоштетен и ќе се одвива во две фази. Првата фаза е веќе во тек, а со втората фаза ќе се продолжи во наредната година.

Со завршување на првата фаза во текот на месец Номври градежните активности ќе продолжат со рехабилитација на вториот предвиден во програмата регионален пат, патниот правец Бач-Гермијан –Кременица.

Со рехабилитацијата на овие два патни правци ќе се обезбеди нормално и безбедно одвивање на сообраќајот како и квалитетна патна инфраструктура.

Евротип
SNBROKER
To Top