Новости

Регион

Силно невреме со град ја погоди Преспа вчера попладне

Вчера попладне Македонија беше зафатена од нестабилна воздушна маса претежно во западните делови, информираат од УХМР. Во Преспанскиот регион имаше појава на невреме проследено со пороен дожд, грмежи силен ветер и појава на град.

Наврнат воден талог до 20ч.(во л/м2): 18 Тополчани, 15 Маврово, 7 Прилеп, 5 Тетово, Битола, Попова Шапка, 3 Претор, 2 Берово.

Удари на ветер (во км/ч): 63 Охрид, 58 Скопје-З.Рид, Битола, 45 Штип.

Евротип
Евротип
To Top