Новости

Регион

Состојба со пожарите до 20:00 часот во битолскиот регион

Пожарот кој започна во 09,30 часот во атарот на с.Лознани,Општина Могила ,локализиран е во 15,05 часот, информираат од Центарот за управување со кризи.
– Пожарот кој во 15,40 часот се префрлил од атарот на с.Канатларци, Општина Прилеп, во атарот на с.Мусинци,Општина Могила сеуште трае и е проширен. Има зафатено поголема површина на сува трева.На терен интервенира екипа од 4 пожарникари со 1 ПП возило .
-Интервенција на запалена куќа во с.Скочивир, општина Новаци. Пожарот започнал во 15,55 часот и сеуште трае. Интервенираат 4 пожарникари со 1 ПП возило.
Известени се:ЕЛС Могила,ЕЛС Новаци,ДЗС Битола,ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола.
Во општина Прилеп пожарот во атарот на с.Ореовец, општина Прилеп е локализиран но сеуште трае.Пожарот започна во 12,50 часот и имаше опасност да се прошири према куќите од селото.На терен има екипа од 3 пожарникари со 1 ПП возило кои ги обезбедуваат куќите од селото.
-Пожарот на запалена сува трева и нискостеблеста шума во атарот на с.Топлица,Општина Прилеп кој започнал во 13,10 часот сеуште трае и има зафатено голема површина.На терен интервенира екипа од 7 пожарникари со 2 ПП возила.
– Пожарот кој започнал во 14,10 часот од запалено стрниште во атарот на с.Канатларци,Општина Прилеп сеуште трае и е проширен во атарот на с.Мусинци, општина Могила. Има зафатено поголема површина на сува трева. На терен интервенира екипа од 2 пожарникари со 1 ПП возило и поголем број на жители од селото со сопствени трактори.
Известени се:ДЗС Прилеп и СВР Прилеп,а одговорното лице од ЕЛС Прилеп не одговара на тел. повици.

СН Брокер
To Top