Новости

Регион

Тројца повредени во судар меѓу комбе и автобус кај Жван

На 16.04.2021 во 04,29 часот било пријавено дека во с.Жван се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе “там“ со битолски регистарски ознаки управувано од Ф.Ш. од с.Вирово и автобус “мерцедес“ со битолски регистарски ознаки управувано од М.К.(56) од с.Сопотница. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото С.Ш.(81) од с.Вирово, а со телесни повреди се здобил возачот и уште еден сопатник од истото возило Б.Н.(72) од с.Вирово констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Демир Хисар.

Евротип
Евротип
To Top