Новости

Регион

(Фото) Ставен под контрола пожарот во село Скочивир, зафатени десетина напуштени куќи

Центарот за управување со кризи околу 20:00 часот соопшти дека имаше интервенција на запалена куќа во с.Скочивир, општина Новаци. Пожарот започнал во 15:55 часот, а интервенирале четири пожарникари со едно противпожарно возило.

Од противпожарната единица на Битола велат дека поради силниот ветер пожарот се проширил и зафатил околу десетина напуштени куќи и неколку помошни објекти, кои изгореле.

Во објектите во кои што живеат луѓе пожарот не се проширил заради интервенцијата на противпожарната единица и жителите од селото. На помош дошло и противпожарно возило од РЕК Битола и од комуналното претпријатие од Новаци кои вршеле дотур со вода.

Пожарот е ставен под контрола околу 19 часот, а се уште таму има екипи кои дежураат и го обезбедцеуваат теренот, рече за Тера заменик командирот на битолската противпожарна единица, Горан Димкоски.

Од Општина Новаци рекоа дека со масовна интервенција на терен од страна на ТППЕ Битола, ЈП Комунална Хигиена од Новаци и РЕК Битола локализиран е пожарот кој попладнево го зафати селото Скочивир и моментално е под контрола.
Причина за избувнувањето на пожарот е скината жица од далековод кој поминува низ селото при што се опожарени 15 куќи и помошни објекти. Станува збор пред се за напуштени и нефункционални куќи.
Благодарение на брзата интервенција не се дозволи проширување на пожарот во други куќи каде веќе живеат од локалното население.
Како резултат на високите температури и големата можност од појава на пожари, од општина Новаци упатуваат апел до граѓаните за одговорно однесување на отворено со цел да се даде максимален национален придонес кон намалувањето на заканите од пожари. Сите сторители ќе бидат казнети согласно пропишаните законски одредби.

Евротип
Евротип
To Top