Новости

Регион

4,5 милиони евра за граничниот премин „Маркова нога“

Кај Преспа се гради граничниот премин кај Маркова нога. Според министерот за локална самоуправа Горан Милевски обезбедени се 4,5 милиони евра за неговото отворање со цел да се подобри комуникацијата и економијата меѓу пограничните региони на македонска и грчка страна.

„Исто така Европската унија ќе го обезбеди и остатокот на средствата, точниот износ сѐ уште не се знае, може ќе биде повеќе од 10 милиони евра, кои ќе се инвестираат исклучиво во Преспанскиот Регион за подобрување на условите инфраструктурни и други проекти што ќе ги предложиме од наша страна за да се подобрат условите за живот во Преспанскиот Регион“, рече министерот Милевски.

GOLD
To Top