Новости

Регион

50 илјади франци за општина Могила

Денес во општина Могила се одржа првата форумска сесија во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети. Општината овај форум го реализира со поддршка на УНДП и Швајцарската Агенција за развој и соработка. Проектниот фонд е 50 илјади швајцарски франци. Темата на отворениот граѓански форум е Социјална инклузија, а истиот има за цел вклучување на граѓаните во процесот на креирање на идеи и проекти за подобрување на животот во заедницата и развој на локалната заедница преку взаемна соработка на општината и граѓаните.

Општата цел на проектот е зајакнати и информирани општински совети што активно ги спроведуваат улогите на надзор и претставување при што општинските власи стануваат поодговорни и поделотворни во исполнувањето на потребите на граѓаните.

Планирано е да се одржат 5 вакви форумски сесии. Првата сесија беше денес, на 17 наредната недела е втората сесија, а останатите 3 се планирани за наесен. Од овие форумски сесии треба да произлезат најмалку 1 а најмногу 3 проекти кои ќе бидат поддржани за спроведување во секој избрана општина. Вакви форуми покрај во општина Могила ќе се реализираат уште во 8 други општини во државава.

Извор: tera.mk

GOLD
To Top