Новости

Регион

70 средношколци од Македонија на лидерски камп во Крушево

Младинската Асоцијација ИМКА Битола во соработка со Мировниот Корпус на Македонија и оваа година го организира Младинскиот Лидерски Камп (Young Men’s Leadership Project). На кампот ќе земат учество 70 средношколци од Македонија поддржани од 30 волонтери и персонал. Кампот YMLP ќе се одржи во детското одморалиште Бегова Корија (поранешно Шула Мина) на планините во близина на Крушево во периодот 7-14 јули 2018 год.

 

Кампот YMLP е осумдневен интеркултурен камп организиран во американски стил кој промовира лидерство, граѓанско учество и пријателство. Програмата вклучува настава за: лидерство, личен развој, животна средина, граѓанска одговорност и младинска вработливост. Дополнително, камперите имаат можности за кампување на отворено во шатори со логорски оган, тимска работа на отворено, учење различни спортови и рекреација, уметничко изразување и други интересни активности.

Кампот YMLP е организиран благодарение на дарежливата поддршка на: Фондација Отворено Општество Македонија, Европскиот Фонд за Демократија, Амбасадата на САД во РМ, нашите корпоративни партнери: ОКТА, Рудник САСА, Тинекс, Алкалоид, Пекабеско, Жикол, ТАВ, ЕВН, ТТК Банка, Витаминка, Горска, Виталија, Фондација Аполониа и индивидуални донатори на краудфундинг.

GOLD
SN Finansii
To Top