Новости

Регион

Oтчет за првата година од мандатот на градоначалникот на Новаци

Општина Новаци е на вистински пат, цврсто трасиран кон урбана, современа, претпознатлива општина каде главна карактеристика се инвестициите во инфраструктурата , локалниот економски развој , руралниот и меморијалниот туризам и меѓународната соработка. И во наредниот период продолжуваме со истото темпо , со нови проекти и активности со единствена цел да ја направиме општина Новаци поубаво место за живеење на сите граѓани, рече градоначалникот Љубе Кузмановски на отчетот што денеска го даде пред граѓаните за една година раководење со пелагониската општина Новаци.

Пред присутните гости, советници од Советот на Општина Новаци, граѓани и медиуми, Кузамановски истакна дека ветеното од пред локалните избори лани се реализира сигурно, чекор по чекор.

Пред присутните на видео бим детално беа презентирани реализираните проекти во изминатата година, како и проектите што се започнато и што наскоро треба да финишираат, како набавка и одржување на дополнителна опрема на Центар за ран детски развој ,, Бамби” с.Новаци-626.000 ден.( Буџет на о.Новаци)-реализирано, набавка на прочистувачи за воздух -ООУ „Славко Лумбарковски“ и подрачни училишта -700.000 ден.(Донација на АД ЕЛЕМ )-реализирано. Изградба на мултифукционално игралиште во с.Д.Агларци -1.960.000 ден.(Грант од Светска Банка и Буџет на О. Новаци)-реализирано. Менаџирање со агро- отпадот за загревање во руралните средини“ поддржан од Интерег програмата за меѓугранична соработка-Interreg-IPA CBC (2014-2020) -Општина Новаци /Општина Аминдео, Грција -216.000 евра (Европска Унија грант и О.Новаци со 15% кофинансирање)-во фаза на реализација. Уредување на Порој во с. Гермијан -255.000 евра (Грант од Светска Банка)-16.557.000 денари за реализација на проектот -во фаза на реализација.

Реализација на програмата за одржување на полските патишта во општина Новаци за 2018 година-санација и одржување на веќе постоечката полска патна инфраструктура-4.000.000 ден.(Буџет на О.Новаци )-реализирано, набројуваше Кузмановски проекти изработени за поквалитетен живот на граѓаните на Општина Новаци.

GOLD
To Top