Новости

Регион

СН Осигурителен Брокер АД Битола на „Преспански јаболкобер“ во Ресен

Традиционално, на празникот Крстовден во Ресен се одбележува почетокот на бербата на јаболката, а по тој повод се одржува и манифестацијата „Преспански јаболкобер“.

Во рамките на 18-тиот „Преспански јаболкобер“ годинава на градскиот плоштад „Цар Самоил“ имаше и саем на земјоделска механизација, ликовна работилница и презентација на традиционална кујна.

Дел од манифестацијата беше и СН Осигурителен Брокер АД Битола, а вработените на заинтересираните граѓани им ги презентираа услугите кои ги нуди компанијата, односно сите видови осигурувања кои се дел од понудата на СН Осигурителен Брокер.

GOLD
To Top