Новости

Свет

Јапонија по супертајфунот Хагибис – 19 загинати, 16 исчезнати

REUTERS

Јапонската информативна агенција објави дека по ударите на супертајфунот Хагибис кој предизвикал поплави и свлечишта загинале 19 лица,повеќе од 100 се повредени, а 16 луѓе се водат како исчезнати.
Спасувачките тимови уште од синоќа со хеликоптери и чамци се испратени во погодените области за да му помогнат на населениото загрозено во поплавените домови.

Бројот на загинати и повредени и понатаму се зголемува.Бројката која ја објавил Кјодо е многу поголема од онаа на Владата.

Портпаролот на Владата Јошихиге Суга претходно изјавил дека по тајфунот Хагибис загинале седум лица, а 15 се водат како исчезнати. Тој воедно истакнал дека предизвиканата штета е огромна и дека околу 376 000 домови останале без електрична енергија, а 14 000 без вода за пиење.

A man takes a picture of Tama river, which reached flood risk level last night caused by Typhoon Hagibis, in Tokyo, Japan, October 13, 2019. REUTERS/Kim Kyung-Hoon

GOLD
To Top