Новости

Свет

Автомобилот му паѓал 30 метри од мостот во Џенова – чудо го спасило поранешниот голман на Каљари

Во близина на Џенова вчера се урна мост кој сочинува дел од автопатот, а претставници тврдат дека бројката на починати сега за сега е 35 и дека е можна трагедија од огромни размери.

Поранешниот голман на Каљари, Давиде Капело во моментот на трагедијата бил на мостот „Моранди“.

„Чудо е што сум жив. На почетокот слушнав бучава и потоа се’ се сруши. Мојот автомобил падна од 30 метри висина и заглави меѓу столбови и рушевини. Неверојатно, но немам ни гребнатинка“, изјавил Капело.

„Го поминував мостот кој е еден од најфрекфентините во земјата. Видов што се случува околу мене. Тоа беше шок. Не знам како мојот автомобил не се распадна“, додаде поранешниот голман, за рушењето на мостот.

Евротип
Евротип
To Top