Новости

Свет

Александрија тоне поради климатските промени

Познатиот египетски град Александрија, кој преживеал инвазии, пожари и земјотреси откако е основан пред повеќе од 2.000 години од Александар Велики, почна да тоне како резултат на климатските промени.

Нивото на морето се зголемува и се заканува да ги поплави посиромашните делови на градот и археолошките места, поради што градските власти забрзано подигнуваат бетонски ѕидови.
Александрија, вториот по големина град во Египет, е опкружен од три страни со Средоземното Море, а од четвртата е свртен кон езеро, поради што е исклучително чувствителен на порастот на морското ниво, предизвикано од глобалното затоплување и топењето на глечерите.

Египетското Министерство за водни ресурси предупреди дека нивото на морето се зголемило за 1,8 милиметри годишно од 1993 година, за 2,1 милиметри во изминатите две децении, а за 3,2 милиметри годишно од 2012 година, доволно за да ги загрозува темелите на градот.

„Египетската влада која се бори да ја обнови својата економија по нередите по Арапската пролет, издвои повеќе од 120 милиони американски долари за бариери и други мерки на заштита на крајбрежјето“, рече Абдел Карим, шеф на Централната агенција за заштита на крајбрежјето.

GOLD
To Top