Новости

Свет

Амстердам воведува забрана на борделите поради непослушните туристи

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсем, сака да ги заштити светски познатите легални проститутки во градот од мноштвото непослушни туристи, така што ќе ја ограничи или забрани праксата на прикажување на сексуалните работници во излозите на борделите.

Либерално настроената градоначалничка, која е позната по тоа што се бореше за правата на девојките вработени како проститутки во главниот град на Холандија, го презентираше планот за реконструкција на градскиот кварт со „црвени фенери”.

Планот за борба против криминал вклучува преместување или целосно затворање на некои од овие објекти, со цел да се намали бројот на бордели со излози што ги изложуваат и компромитираат проститутките на јавните улици.

GOLD
To Top