Новости

Свет

Беснее пожарот на Канарските острови, евакуирани 10.000 луѓе

Пожарот на Канарските острови и понатаму активен. Евакуирани се 10.000 луѓе. Оганот го гаснат повеќе од илјада пожарникари и припадници на службата за вонредни ситуации.

Како што пренесува „AP“, ситуацијата денес е малку подобра бидејќи е послаб ветерот а температурата пониска.

Во пожарот на островот Гран Канарија досега се изгорени повеќе од 12.000 хектари шума.

Властите синоќа соопштија дека пожарот е вон контрола и дека се шири кон југот на островот.

Пожарите се честа појава во јужна Европа за време на топлите месеци. За повеќе од половина шпански семејства од денес е на сила мерка за претпазливост за голем ризик од пожари.

GOLD
To Top