Новости

Свет

Британските пратеници ќе гласаат за одложување на Брегзит

Претседателот на Долниот дом на Парламентот Џон Баркоу изјави дека британската Влада денеска ќе поднесе во Парламентот предлог за одлагање на Брегзит до 30 јуни ако пратениците до 20 март го одобрат договорот за напуштање на Европската унија.

Во владиниот предлог се посочува дека ако до 20 март Парламентот не го прифати договорот, „мала е веројатноста ЕУ на средбата на врвот на 21-22 март да одобри одложување на рокот без да има конкретна причина да го направи тоа“.

Во меѓувреме, светските агенции јавија дека британската премиерка Тереза Меј денеска ќе им предложи на пратениците по трет пат да гласаат за договорот за Брегзит.

GOLD
To Top