Новости

Свет

Бритиш Ервејс откажа 100 летови – заглавени 15 000 патници

Воздухопловната компанија Бритиш Ервејс денеска откажа речиси сто летови на двата аеродромо во Лондон поради технички проблеми на системот за чекирање на билетите.

Поради проблемот, над 15 000 патници останаа на аеродромите. На аеродромот Хитроу се откажани 81 , а на Гетвик 10 летови , додека околу 200 други доцнеа .

Откажани беа и летовите на третиот лондонски аеродром , Лондон Сити. Од компанијата велат дека продолжиле со работа со помош на рачен систем на чекирање и ги повикале патниците порано да дојдат на аеродромот.

Нагласуват дека проблемот не е поврзан со глобалниот компјутерски систем. На патниците кои требало да патуваат на пократки дестинации , им биле понудени билети за некој друг ден.

GOLD
To Top