Новости

Свет

ВИДЕО: Експлодира Тесла зашто автопилотот ,,не виде” камион

Уште еден автомобил Тесла настрада поради системот за автономно возење, за среќа без жртви.

Деновиве на улица во Москва се случи страшна сообраќајна несреќа , за што одговорноста е утврдена во автономниот систем за управување на автомобилот Тесла 3.

Теслата со брзина од 100км/час удри во паркиран камион. За среќа , сопственикот на Теслата , Александар Третјаков (41) и неговите две деца скокнале од автомобилот пред несреќата.

Третјаков поминал со скршена нога , а децата имаат помали повреди и гребаници.  ,,Ова е моја грешка” , изјави Третјаков , кој рече дека уште еднаш нема да седне во Тесла.

GOLD
To Top