Новости

Свет

ВИДЕО: Одрон на карпа на популарната грчка плажа, има повредени

На популарната плажа Навагио, на грчкиот остров Закинтос дошло до одрон, јавија локалните медиуми.

Најмалку три лица се повредени и однесени во локалната болница.

Дел од карпата се одронил од карпестиот ѕид висок 200 метри претпладнето додека на плажата имало бројни туристи. Во моментот кога дошло до одрон настанала голема паника.

Плажата Навагио се смета за една од најубавите плажи во светот и е популарна кај љубителите на екстремни спортови.

Неколку мали бротчиња се превртеле од силата на падот кој предизвикал високи бранови, изјави сведоците за властите.

Властите се обидуваат да утврдат дали има исчезнати. Пожарникарската служба извести дека испратила 18 спасувачи и едно куче трагач, додека уште еден тим од девет лица е испратен со хеликоптер.

Според нивните наводи, плажата е евакуирана и на бродовите им е забранет пристап.

GOLD
To Top