Новости

Свет

ВИДЕО: Пожарот се прошири на една од правоаголните кули на Нотр Дам

Огнот се прошири на левата правоаголна кула на катедралата Нотр Дам, која ја опустошува огромен пожар. Шпицестата кула и покривот на историската зграда целосно се урнаа.

Се гледа како чадот се извива од левата правоаголна кула на катедралата, што предизвика стравувања дека пожарот всушност се проширил и на малкуте делови од оваа зграда од 13 век што останаа недопрени од огнот.

GOLD
To Top