Новости

Свет

ВИДЕО: Првпат по страшната несреќа семејството дозволило да се снима во куќата на легендарниот возач на Ф1

Семејството на прославениот возач на Формула 1, Германецот Михаел Шумахер, прв пат по несреќата, која седумкратниот шампион на светот ја доживеал во 2013-та година, им дозволило на камерите да влезат во семејната вила во која се опоравува прославениот ас.

Имено, германските режисери Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертенс, со целосна поддршка од славниот Германец, го снимиле документарниот филм “Schumacher”.

Во документарецот “Schumacher” ќе се најдат необјавени архивски снимки од животот на прославениот спортист, како и сведоштва на најблиски членови на неговото семејство – сопругата Корина и таткото Ролф Шумахер. Премиерата на документарецот е закажана за 5-ти декември.

Филмот опфаќа различни аспекти од животот на славниот возач, а приказната за него оди преку визурата на Ролф Шумахер, сопругата Корина и децата Џина и Мика Шумахер.

GOLD
To Top