Новости

Свет

ВИДЕО: Редица кенгури скокаат на снегот во Австралија

На интернет се појави видео од редица кенгури кои скокаат на снегот во Австралија.

Како што пишува на Јутјуб, видеото било снимено од Стивен Гренфил додека патувал со автомобил, а потоа го објавил на Твитер.

Според пишувањата на австралиските медиуми, снегот и ниските температури ги отежнале условите во сообраќајот, затворени се голем број патишта, а студениот бран трае веќе неколку дена.

Како што се наведува, дел од градовите за првпат по неколку децении се прекриени со снег.

GOLD
To Top