Новости

Свет

ВИДЕО: Руски попови фрлаа света вода од авион за да излечат „пијанство и блуд“ во цел град

Руски православни свештеници во градот Твер презеле екстремни мерки за да ги спасат жителите од „пијанство и блуд“, летајќи во авион за да фрлат света вода врз целиот град.
Митрополитите Сава од Твер и Кашински придружени од уште тројца свештеници го извршиле воздушниот благослов во средата во чест на Денот на серуската трезност, објави локалната веб-страница Тверњуз.

Свештениците донеле 70 литри света вода и две икони. Во авионот бил и брачен пар, кој тврди дека сопругот чудотворно се излекувал од алкохолизам.

Не е јасно зошто 70 литри се сметале за идеално количество света вода за борба против пороците на локалното население во Твер. Веројатно, може да се донесе повеќе вода за потешки случаи, вели Москва тајмс.

„Секоја болест е од вирус, а вирусот е демон. Затоа, секоја болест е првенствено духовна болест“, објаснил еден од поповите.

GOLD
To Top