Новости

Свет

ВИДЕО: Снежно невреме во Австрија- десетина илјади домаќинства останаа без струја

Силен снег напаѓа во регионот на австриските Алпи и предизвика прекин на електричната енергија во 9 800 домови.

Снегот од дрвјата паѓаше врз електричните водови што рпедизвика прекини на напојување со електрична енергија во регионите Тирол, Салцбург, Штаерска и Корушка.

Неколку патишта и железнички линии се затворени поради тоа што се блокирани од паднати дрвја или постои ризик од лавини.

Поради големите наноси на снег,  учениците од единаесет училишта во Корушка беа ослободени од часови пренесува канал5.

GOLD
To Top