Новости

Свет

ВИДЕО: Торнадо удри во Анталија: Динамо со Адеми едвај избегаа, македонските екипи сигурни

Големо невреме ја зафати турска Анталија денеска каде поголем дел од македонските прволигаши се на зимски подготовки во овој центар, кој е преполн со екипи од Европа, кои ги користат добрите услови за добра подготовка.

Денеска торнадо удри во Анталија, а невремето што го зафати турскиот југ завчера го прекина мечот на Шкендија со Грасхоперс (2-0) по нешто повеќе од половина час игра. Во Анталија едвај избегале фудбалерите на Динамо Загреб, чиј капитен е Аријан Адеми. Тие го фатиле торнадото на аеродром, но успеале да полетаат и да си заминат дома.

За разлика од нив, унгарски Хонвед е заглавен на аеродромот, зашто по ударот на торнадото, им го оштетиле авионот, па сега фудбалерите на овој тим веќе десет часа чекаат нов авион кој тргнал од Виена.

„Фудбалерите на Динамо полетаа веднаш штом помина торнадото преку аеродромот, но нашиот авион е уништен. Сега чекаме нов од Виена, а тука сме веќе десет часа. Сите се молиме што побргу да си одиме“, рекол хрватот Тончи Кукоч, фудбалер на Хонвед.

Според извештаите на турските медиуми едно дете загинало, а осум луѓе се повредени во невремето кое ја зафати Анталија. На турскиот југ моментно се Шкендија, Работнички, Беласица, Шкупи, додека Вардар и Македонија ЃП се во Анталија, а црвено-црните денеска попладне играа меч со Легница, кој го загубија со 1-2.

GOLD
To Top