Новости

Свет

ВИДЕО: Ураганот Ирма ја погоди Куба, бројот на загинати расте

Ураганот Ирма продолжува да пустоши по Карибите, а се проценува дека влијаел најмалку врз 1,2 милиони луѓе. Бројот на загинати синоќа продолжи да расте, а потврдено е дека досега загинале најмалку 20 луѓе.

Ураганот Ирма во моментов прилично брзо оди кон централниот дел на Куба. Во следните десетина часа ќе стигне до Хавана, а потоа нагло ќе сврти на север директно на полуостровот Флорида. На Куба направиле сѐ според планираното па не би требало да има многу жртви, но најверојатно ќе има голема материјална штета имајќи ја предвид јачината на ураганот.

Иако се очекува утре попладне да тргне директно кон Флорида, поради големината на невремето ураганот Ирма ќе го зафати југот на Флорида веќе во раните утрински часови по наше време, додека периферните ветришта на ураганот веќе го зафаќаат југот на Флорида.

Се очекува ураганот со сета сила да ја удри Флорида утре во 16 часот по наше време. Во овие моменти ветриштата во ураганот дуваат со брзина од 240 до 260 километри на час.

GOLD
To Top