Новости

Свет

(Видео+фото) Силен земјотрес од 7,1 степени ја погоди Калифорнија – најсилен последните 20 години

Земјотрес со јачина од 7,1 степени ја погоди јужна Калифорнија, оштетувајќи згради и патишта, а има и повредени, објавија локалните власти.

Епицентарот на земјотресот беше во близина на Риџкрест, на околу 240 километри од Лос Анџелес, на длабочина од околу 900 метри. Новиот потрес ги оштетил патиштата во тој дел од Калифорнија.

Директорката за комуникации на противпожарната бригада на округот Керн вели дека добиле голем број повици за повредени, како и за пожари.

Денешниот земјотрес според проценките на сеизмолозите, е најсилниот потрес кој ја погодил Калифорнија во последните 20 години.

Земјотресот се почувствувал во Лос Анџелес, Сакраменто, Лас Вегас и јужно од Мексико.

GOLD
To Top