Новости

Свет

(Видео) Јункер едвај стоеше на нозе, Заев му помагаше да се симне по скали

Македонскиот премиер Зоран Заев заедно со уште неколку светски лидери  му помагаа на првиот човек на Европската комисија, Жан Клод Јункер кој имаше проблеми со одржувањето рамнотежа на денешниот гала настан на НАТО Самитот во Брисел на кој присуствуваа сите лидери.

Тие го придржуваа за да може да се движи, а македонскиот премиер му помогна да се симне по скалите.

Јункер пред извесно време изјави дека страда од ишијас кој делува на неговото движење, а португалскиот премиер изјави дека се жалел на болки во грбот.

GOLD
To Top