Новости

Свет

(Видео) Брачен пар за 20 години засадил 2 милиони дрвца – ја вратиле во живот уништената шума

Во време на брзо уништување и сеча на шумите ширум светот, бразилскиот фотограф Себастијао Салгадо и неговата сопруга Лелиа Делуиз Ваник Салгадо одлучија да покажат дека една мала група на посветени луѓе може да го преземат работите во своите раце и да ги зачуваат шумите.

Двајцата засадија речиси два милиони садници во изминатите 20 години за враќање на уништената шума во Бразил.

Салгадо освоил многу награди за фото-новинарство и објавил бројни книги. Во 1990-те, физички и емоционално исцрпен, откако ги документирал ужасите на геноцидот во Руанда, се вратил во својот роден дел на Бразил, кој некогаш бил покриен со бујни тропски шуми. Тој беше шокиран кога областа го пречекала уништена, без живот.

Сепак, неговата сопруга Лелиа верувала дека можат да ја обноват некогаш бујната шума.

“Земјата беше болна, исто како мене. Сè беше уништено. Само околу 0,5 отсто од земјиштето било покриено со дрвја. Тогаш жена ми имаше одлична идеја да засади нови дрвјца во оваа шума. Кога навистина почнавме да работиме, почнаа да се враќаат инсекти, птици и други животни. Благодарение на повторното раѓање на дрвјата и јас сум роден повторно “, рече Салгадо за британски „Гардијан “.

Бразилецот потоа со сопругата го основале Институтот Тера, мала организација која се занимава со пошумување.

Фотографии од воздухот ја покажуваат неверојатната трансформација на шумата која беше спасена од Салгадо. Каде што некогаш владееше мртва тишина, сега постои какофонија на црцорењето на птиците и зуењето на инсектите.

Според организацијата Институт Тера, во бразилската шума се вратија 172 видови птици, 33 видови на цицачи, 293 видови на растенија, 15 видови на влекачи и 15 видови водоземци.

Проектот на бразилскиот пар инспирира милиони луѓе, бидејќи даде конкретен пример за позитивните еколошки акции и покажа колку брзо  животната средина може да се опорави со вистински ставови.

GOLD
To Top