Новости

Свет

(Видео) Вдишете го смогот на Пекинг, Њу Делхи и други загадени метрополи – загадувањето како уметност

Британскиот уметнк Мајкл Пинкси во рамките на својата инсталација ги претстави „Pollution Pods“, односно куполи каде може да го почувствувате автентичниот смог од светските метрополи.

Се наоѓа во Сомерсет Хаус во Лондон, а во капсулите автентично е доловен воздухот кој може да се почувствува во различни градови.

Може да го почувствувате Њу Делхи, Сао Паоло, Лондон и Пекинг, но и нешто сосема спротивно – чистиот воздух на островот Таутра во Норвешка.

На менито се – мирисот на дизел во Лондон, мирисот на стари автомобили и индустрија во Њу Делхи, смогот во пекинг, етанолот во Сао Паоло од кого ви солзат очите.

„Pollution Pods“ е верна реплика на квалитетот на воздухот и сите негови карактеристики, од загадувањето на опасни хемикалии до влажноста и количината на озон.

Идејата е да се долови како сите овие градови се поврзани со глобалната потрошувачка, а резултатот е загадување на воздухот со токсични материи.

Сепак, развиените западни земји по правило имаат почист воздух, а токму тие се главните двигатели на глобалната потрошувачка.

 

 

Evrotip
Евротип
To Top