Новости

Свет

(Видео) Ирма носи се пред себе – се повлече океанот во Тампа, се стравува од силен бран

Ураганот Ирма ја погоди Флорида и се смета за најкатастрофалната бура што ја зафати оваа сојузна држава.

Пристигна од јужниот дел со ветрови со брзина од 215 километри на час. Нивото на морето се кренало за цели 4,5 метри.

Локалните власти потврдија дека Ирма ја однела првата жртва на Флорида. На Ки Вест загинал маж во камионет, потврди полицијата. Тој најверојатно поради силниот ветер ја загубил контролата врз возилото и удрил во дрво. Во меѓувреме излегоа информации и дека има уште две жртви.

Како резултат на ураганот, милиони останаа без струја, додека стотици илјади се во своите засолништа. Запрена е и работата на полициските служби и брзата помош кои нема да работат се додека не помине Ирма.

Откако ураганот го напушти Флорида Кис, почна да се движи накај внатрешноста. На Твитер е објавена морничава слика од океанот кој се повлекол, а сега жителите стравуваат дека водата ќе се врати со силен налет, кога ветрот ќе ја смени насоката.

Улиците на Мајами се под вода.

Во Мајами има десетина кранови со кои се градат облакодери, а токму нивното рушење предизвика најмногу страв.


На жителите им е порачано да останат во засолништата, а оние што не отишле во нив, да останат во затворен простор.

GOLD
To Top