Новости

Свет

(Видео) Претседателите на Русија и Белорусија се „пресметаа“ во хокеј

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко ги прекинаа преговорите кои се одвиваат во Сочи, за да играат хокеј.

Лидерите на двете држави играа за иста екипа. Путин според традицијата играше во дрес со број 11, а Лукашенко во бројот 1 во боите на белоруското знаме.

Путин даде три гола, а мечот заврши во корист на тимот во кои играа Путин и Лукашенко со убедлива победа од 9:3.

После натреварот, продолжија со вториот дел од преговорите, а на маса се најдоа голем број прашања од заеднички интерес.

GOLD
To Top