Новости

Свет

Видео од налетот во Алабама

Во налетот на торнадо која ја погоди американската сојузна држава Алабама досега настрадале најмалку 23 лица, наведува Ројтерс. Меѓу загинатите има и деца.

Најтешко погоден е најголемиот град во Алабама, Оубурн и областа Ли Каунти, каде скоро сите објекти се уништени.

Локалните медиуми пренесуваат дека се очекува бројот на загинати да биде поголем, поради тоа што спасувачките екипи од час во час под рушевините пронаоѓаат зтрупани тела. АП наведува дека торнадото бил со сила од Ф3 , или брзината на ветерот се движела од 255 до неверојатни 330 километри на час во пречникот од 800 метри.

Најмалку 40 повредени се примени во една болница во Алабама.

-Куќите летаа, ветерот корнеше дрвја, далекуводи, „Јас не паметам вакво нешто“ изјавил шерифот на областа Ли Каунти. На терен се спасувачките екипи и хеликоптери кој со помош на термални камери бараат преживеани и заробени под срушените куќи.

GOLD
To Top