Новости

Свет

Во Австрија е забранет хербицидот што предизвикува рак

Долниот дом на австрискиот парламент усвои денеска закон за забрана на употреба на хербицидот глифосат, со што Австрија стана прва земја од ЕУ со забрана на хербицидот , за кој се стравува дека е канцероген.

Другите земји на ЕУ имаат делумна забрана за глифосат, произведен од Монсанто, компанија во сопственост на германската Бајер.

На пример, Франција ја укина забраната и ја нагласи користа на глифосатот во земјоделството.

Австрија со тоа го прифаќа органското земјоделство повеќе од која било друга членка на ЕУ.

“Постои зголемување на научните докази за отровни, канцерогени ефекти на хербицидот. Нашата одговорност е да се забрани овој отров во нашата средина”, изјави шефот на австриската социјалдемократи Памела Ренди-Вагнер.

Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија и Либералната партија Неос, исто така, го поддржаа усвојувањето на законот.

Горниот дом на парламентот, најверојатно, нема да се спротивстави на законот, што ќе стапи на сила откако ќе биде потпишан од страна на претседателот Александар Ван дер Белен, поранешен лидер на Зелените кои немаат претставници во Парламентот.

Загриженоста за овој хербицид се зголеми кога Светската здравствена организација заклучи во 2015 година дека глифосатот може да предизвика рак.

Бајер, кој ја откупи фабриката на Монсанто минатата година, соопшти дека со студии е утврдено дека глифосатот е безбеден за луѓето.

Компанијата претходно е тужена поради сомневање дека глифосатот предизвикува Хочкинов лимфом.

Австрија има најголем дел од органските земјоделски стопанства во Европската Унија, околу 23 проценти, додека просекот на ЕУ, според податоците на Евростат од 2017 година, е седум проценти.

GOLD
To Top