Новости

Свет

Во Австрија уништени куќи поради обилен снег и поплави

Поради обилниот снег и преплавените речни корита и езера во јужна Австрија, затворени се училиштата, а некои села се отсечени.
Австриската новинска агенција АПА објави денеска дека во лизгање на земјиштето во Бед Гаштајн, јужно од Салцбург, уништени се две куќи, а биле затрупани и две жени, кои биле извлечени и пренесени во болница.

Една од жените е спасена брзо, а другата дури по неколку часа. Во Гурктал во Корушкој околу 70 пожарникари морале да евакуираат жители на 15 згради, поради надојдената река Гурк.

Во други места во јужна Австрија, неколку села се отсечени поради силни снежни наноси. Училиштата денеска се затворени во повеќе места во тој дел од земјата, а хеликоптери ги надлетуваат околните планини, внимавајќи на евентуални лавини.

GOLD
To Top