Новости

Свет

Во Бостон ќе се одржи првата парада на хетеросексуалци

Американците во август ќе ја добијат првата стрејт парада, парада на хетеросексуалци откако група активисти од Бостон успешно се избори за одржување на тој настан.

Организаторот на настанот Марк Сахади на Фејсбук најави дека по поднесувањето жалби поради дискриминација, градот Бостон „сфатил дека ќе загуби парници“ и дал дозвола за одржување на парадата.

Парадата е планирана за 31 август оваа година. На тој настан ќе се слави хетеросексуалноста, љубовта кон спротивниот пол.

Организаторите на Стрејт парадата дизајнираа свое знаме и го означија Бред Пит за своја маскота. Масачусетс, каде е Бостон, е прва држава што легализираше бракови од ист пол во 2004 година и таму е склучен првиот истополов брак во САД.

GOLD
To Top