Новости

Свет

Во Брисел спречен терористички напад – едно лице застрелано

Брисл повторно цел на терористички напад.

Главната железничка станица синоќа беше евакуирана заради помала експлозија, а потоа бил евакуиран и главниот плоштад.  Белгиското обвинителство настанот го третира како терористички напад.

Синоќа маж што носеше експлозиви, успеа да оствари мала експлозија, а станицата беше евакуирана. Во инцидентот нема повредени, со исклучок на атентаторот, кој беше застрелан од воена патрола, а подоцна починал во болницата.

Белгиските власти во оваа фаза не даваат информации за неговиот идентитет.

Според локалните медиуми и очевидци мажот, на видлива возраст од 30-35 години, ја активирал експлозивна направа поставена во куфер или појас. Тој го активирал уредот кога специјалци се обиделе да го проверат крај железничка рутина а извикал и „Алах Акбар“.

Специјалисти во областа на тероризмот коментираат дека ова е уште еден обид за „нискобуџетен“ атентат. Властите во Белгија соопштија дека го задржуваат без промена нивото на подготвеност за нов терористички напад до трета, претпоследниот степен.

GOLD
To Top