Новости

Свет

Во Будимпешта евакуирани околу 3.500 луѓе поради бомба од Втората светска војна

Унгарската полиција денеска ги евакуираше жителите од еден кварт во Будимпешта поради отстранување на бомба заостаната од Втората светска војна.

Евакуирани се околу 3.500 жители од областа околу Градскиот парк во центарот на Будимпешта, а целиот крај е делумно блокиран. Стопиран е и автобускиот и тролебускиот сообраќај, а градските власти обезбедија привремено сместување за евакуираното населени, како и превоз и помош за болните и стари лица.

Бомбата тешка сто килограми од Втората светска војна откриена е вчера при изведување на градежни работи.

GOLD
To Top