Новости

Свет

Во Германија од денеска и според закон постои трет пол

Германскиот закон кој им овозможува на луѓето кои билошки не се вклопуваат ни во машки ни во женски пол, да изберат трета опција во официјалните документи, денеска стапи на сила.

Владата го изгласа законот во август, а минатиот месец го потврди Бундестагот. Припадниците на ЛГТБ популацијата рекоа дека оваа мерка не е доволна затоа што е потребен сертификат од лекар кој докажува дека тоа лице е интерсексуално. Бараа закон кој ќе им го олесни животот на луѓето кои не се идетификуваат со полот со кој се родени.

Интерсексуалните луѓе се родени со репродуктивна аномалија која не се вклопува во типични дефиниции за женско или машко тело. Ова се однесува на лицата кои се родени со машки и женски гениталии или ги имаат и двата XX и XY хромозоми во своите келии.

Кај некои луѓе оваа состојба се открива при раѓањето, но некои ја откриваат дури во пубертет или подоцна кога ќе се соочат со проблеми со плодноста.

 

 

 

 

 

Извор: Локално

GOLD
To Top