Новости

Свет

Во Германија протести поради забрана на автомобилите на дизел

Во повеќе германски градови се одржаа протести на „жолтите елеци“ поради забраната за управување на дизел автомобилите. Стотина Германци бараат да се повлече новиот закон кој стапи во сила на 1. јануари со кои се забранува во центрите на градовите да влегуваат дизел возила под ЕУРО 5 стандардите. Со тоа ќе бидат погодени речиси милион и пол сопственици на вакви автомобили.

Засега дизел возилата не смеат во центар, а се предвидува да бидат забранети воопшто во градовите, па полека и низ теротиријата на целата земја, или да се плаќаат поголеми еколошки такси.

„Никаде во Европа нема ваков закон како што има тука. Ова е исто како да ми го украле автомобилот“, изјавила една Германка која била на протестот.

GOLD
To Top