Новости

Свет

Во Саудиска Арабија им дозволија на жените да патуваат самостојно

Саудиска Арабија објави нов закон според кој жените во таа земја сега можат сами да патуваат во странство без машка придружба или дозвола.

Исто така, донесени се најнови регулативи со кои им се овозможува на жените да го регистрираат својот брак, да се разведат и да го регистрираат раѓањето на детето, а пропишано е и дека татко или мајка може да бидат законски старатели на деца.

Новите правила, одобрени од кралот Салман, им овозможуваат на жените на возраст од 21 и повеќе години да патуваат во странство без претходна согласност и самите да ги вадат документи.

Засега не е јасно дали новите правила ќе стапат на сила веднаш.

GOLD
To Top