Новости

Свет

Гледавме како историјата ни гори пред очи: Најтажните фотки од Нотр Дам за време на пожарот

Два века изградба… уништени во 60 минути – целиот свет жали за изгорената париска катедрала која ја зафати пожар во понеделникот, а претседателот на Франција ветува реконструкција.

Катастрофален пожар во понеделникот уништи дел од катедралата во Париз, а целиот свет жали и испраќа молитви.

Пожарот беснеел неколку часа пред 400 пожарникари да успеат да го изгасат и стават под контрола, а тие многу внимателно и вешто се обидувале да не направат дополнителни штети на ова француско обележје.

Тие не успеале да ги спасат врвовите кои согореле целосно заедно со поголемиот дел од покривот, но успеале да ја спасат катедралата од целосно уништување, а за сето тоа време граѓаните биле собрани по улиците и ја гледале таа ужасна глетка.

„Нотр Дам е нашата историја, нашата литература и местото каде ги живееме најголемите моменти – од војни до ослободувања. Историјата е наша. И гори. Гори и ја разбирам тагата на сите Французи.“ – изјавил Макрон, претседателот на Франција, кој ветил дека катедралата ќе биде реконструирана.

Сопругот на Салма Хајек, кој е француски милијардер ветил дека ќе помогне со 100 милиони евра за да се обнови катедралата.

Луѓето од целиот свет испраќаат молитви за Париз, а граѓаните скршени од болка се молат.

GOLD
To Top