Новости

Свет

Голема рација во Германија: Се подготвувале низа на терористички напади?

Германските специјалци во голема рација откриле дека групата „Нордадлер“ имала за цел повторно да го зајакне националсоцијализмот во Германија.

Припадниците на германската специјална полиција денес наутро ширум Германија извршиле низа на претреси во станови на лица за кои што постоело сомнение дека се подготвуваат за изведување на терористички напади со десничарска позадина, пренесуваат германските медиуми.

„Постои сомнение дека осомничените се припадници на терористичка организација која што се темели на национал-социјалистичка идеологија“, соопштија од германското Обвинителство.

Понатаму, соопштено е дека осомничените „најдоцна на почетокот на 2017-та година“ ја основале групата наречена „Нордадлер“ (Северен орел) чија што цел била повторно зајакнување на национал-социјализмот во Германија. Со цел да се оствари тоа, биле планирани и напади на политички противници.

„За да ја остварат таа цел, тие веќе започнале да набавуваат оружје и материјал за составување на експлозивни направи“, стои во соопштението.

Неодамна беа извршени претреси и на членови на радикалната десничарска група „Граѓани на Рајхот“ кои што не го признаваат постоењето на Сојузна Република Германија и тежнеат кон воспоставување на границите од 1938-ма година.

 

Студирајте на БАС
To Top