Новости

Свет

Град во Алјаска нема да го види сонцето сè до 23 јануари

Градот Utqiaġvik во Алјаска, нај северниот град во САД, последното изгрејсонце оваа година го имал изминатата недела. Овој град кој порано се викал Бароу (Barrow), нема да го види сонцето во наредните 65 дена, а следното изгрејсонце ќе биде на 23 јануари 2019.

Овој феномен е познат како поларна ноќ, период на темнина во зима без изгрејсонца кој се случува во градовите во внатрешноста на поларните кругови. Од средината на ноември до доцна во јануари, сонцето не изгрева северно од Арктичкиот круг поради закосувањето на Земјата во спротивна страна од директното зрачење на Сонцето.

Лоциран на 530 километри од Арктичкиот круг, Utqiaġvik сепак нема да биде во потполна темница следните 2 месеци, туку ќе има самрак кој се случува кога Сонцето е на 6 степени под хоризонтот и кој креира многу слабо осветлување кое трае по 6 часа во една ноќ, но ќе се скрати на 3 часа до крајот на декември. 4400-те жители на овој град се навикнати на оваа поларна ноќ, по која следат 80 дена без зајдисонце кои започнуваат во мај.

GOLD
SN Finansii
To Top