Новости

Свет

Денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, кој УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година 21 февруари е промовиран како Ден на лингвистичка и културна разновидност и мултилингвизам.

Според статистичките податоци, во последните три века има изумирање или драматично намалување на јазиците, особено на американскиот и австралискиот континент. Во светот денес се зборуваат околу 6.500 јазици, а на околу половина им се заканува исчезнување во многу делови на светот. Околу 200 земји се наоѓаат пред предизвикот да ги сочуваат „малите” јазици и да се погрижат тие да се употребуваат заедно со светските јазици.

Јазиците се силен инструмент за зачувување и развивање на културното наследство. Движењата за промоција и ширење на мајчиниот јазик не се само охрабрување на лингвистичката разноликост и милтилингвалното образование, туку и поттик за развивање на свеста за линвистичките и културни традиции во светот кои ги зацврстуваат разбирањето, толеранцијата и дијалогот.

GOLD
To Top