Новости

Свет

До 2023 година Германија го забранува контроверзниот хербицид глифосат

Германија ќе ја забрани употребата на контроверзниот хербицид глифосат до крајот на 2023 година, одлучи германската влада денеска и воведе серија мерки за заштита на инсектите и животните.

Забраната за тој хербицид произведен од Монсанто ќе стапи на сила на 31 декември 2023 година, кога истекува дозволата издадена од ЕУ.

Сепак, Германија нема да чека за 2023 година и ги предвидува првите ограничувања следната година, со забрана за употреба во парковите и приватните градини, како и први ограничувања за земјоделците.

„Ја критикуваме одлуката на германската влада за постепено елиминирање на глифосатот до крајот на 2023 година”, одговори Лиам Кондон, член на бордот на директори на фармацевтската компанија Баер, кои го купија Монсанто.

„Таа одлука не ја зема предвид повеќедецениската научна анализа на независни регулаторни тела од целиот свет дека глифосатот е безопасен ако се користи правилно”, се вели во соопштението.

Во Германија, биолозите предупредуваат на алармантен пад на популацијата на инсекти, предизвикана делумно од хербициди, што ги оштетува екосистемите и опрашување на растенијата.

Покрај тоа што е погубен за инсектите, глифосат, исто така, стана општествено прашање откако беше класифициран како „веројатно канцероген” од Меѓународниот центар за истражување на ракот.

Поради глифосат, во тек се илјадници американски процеси против Монсанто, производител на хербицидот и филијала на германскиот хемиски гигант Баер.

Глифосатот и зеленото светло од 2017 година во ЕУ за негова употреба предизвикаа судири во коалицијата Ангела Меркел и конзервативците, склони кон негово користење и социјалдемократите кои се против тоа.

GOLD
To Top