Новости

Свет

Дрога вредна половина милион евра откриена кај македонски возач на автопат во Германија

Германската полиција вчера привела 48-годишен маж од Македонија, во чие возило открила дрога вредна половина милион евра.

Македонскиот државјанин со живеалиште во Шлаерфандел во Горна Баварија се враќал од Македонија и бил запрен на автопатот А8 кај Раублинг во областа Розенхајм во јужниот дел на Германија.

При контролата на возилото биле пронајдени 8,8 килограми кокаин.

Возачот е приведен под обвинение за внесување во земјата на дрога
за продажба во не многу големи количини.

GOLD
To Top