Новости

Свет

ЕУ го казни Најк со 12,5 милиони евра

Европската Комисија денеска му определи казна од 12,5 милиони евра на американаскиот производител на спортска опрема.

Европската Комисија покрена истрага против Најк во јуни 2017 година за ограничување на продажбата на фудбалска спортска опрема. ЕК го товари Најк за прекршување на законите за пазарна конкуренција. Со истрагата се утврдуваше дали Најк на трговците им ја ограничил лиценцираната спортска опрема , како онаа со брендовите на големите фудбалски клубови за единствениот европски пазар.

,,Љубителите на фудбалот сакаат брендирани производи на клубот за кој навиваат , како дресови и шалови. Најк , пак , на многу овластени трговци не им дозволи продажба на брендирани производи во други земји , што резултираше со помал избор и повисоки цени за потрошувачите. “ , изјави еврокомесарката за пазарна економија, Маргрета Вестагер.

Од ЕК појаснуваат и дека Најк на ист начин постапувал од јули 2004 до октомври 2017 . Нагласуваат и дека американската компанија соработувалаз а време ан истрагата.

Евротип
SNBROKER
To Top